PMG Recordings Festival 4
 
PMG Recordings Festival 4 е природно продолжение на нашите фестивалски заложби за напредно презентирање на најсвежите сонични авантури на македонскиот дел од музичкиот универзум. Оваа година прославуваме 15 години постоење и 100 изданија, па се опуштивме и поканивме пар странски артисти кои навистина ни се допаѓаат. Бидете дел од нашата прослава, ајде да направиме уште еден настан со светски mind set.
 

 
Thee Process is Thee Product.

Philipp Gorbachev

Philipp Gorbachev оригинално доаѓа од Москва, но како и огромен број успешни млади музичари во моментов живее и работи во Берлин. Преку неколку изданија на катинг еџ лејблот Comeme, го запознавме како еден од највозбудливите и највангардни електро-панк кросовер артисти. Карактеристичен е потоа што е единствен "странец" во ултрамодерната и атипична јужноамериканска поза на Comeme-која ги постави темелите на латино звукот на 21виот век...

Monozid

Monozid е post-punk бенд од Лајпциг, Германија. Свират заедно од 2003та година и досега имаат издадено неколу еп-ја и 2 албума, на кои прават храбра и успешна мешавина од класичен 80's postpunk со влијанија од nowave и noise rock. Една од главните карактеристики на овој бенд е сериозниот пристап кон турнеите...

PMG Kolektiv

PMG Kolektiv е еден од носечките бендови на ПМГ Рекордингс и по 5 албума, исто толку турнеи и разни експерименти со звукот, стои исправен под чудесна светлина на искуство и нова свежина. На овој фестивал, бендот ќе го презентира новиот звук од последната електронска инкарнација, внимателно чувана и подготвувана во тајните ПИЕМЏИ лаборатории: ритуални танци, груби по рабовите, кои експлодираат со светлина одвнатре...

Bei The Fish

Bei The Fish е еден од најомилените бендови на скопската публика. Нивните концерти секогаш преполни со насмеани луѓе и позитивни ликови, кои ја примаат убавата енергија која буквално се излева од бендот преку стејџот. Беспрекорниот талент и речиси совршената изведба, дали преку четирите албуми, или концертните настапи, ги доведува до ситуација да бидат сериозни репрезенти на времето во кое живееме...

Lepi Xhoni

Lepi Xhoni е само уште едно име за еден од најталентираните музичари на новото време во Македонија, Љупа Ангелов. Неговиот бенд The John завзема водечко место во актуелната македонската рокенрол номенклатура, но и специјален простор во срцата на урбаната екипа. Lepi Xhoni е соло проект на Љупа, своевиден простор за истражување на слични музички идеи како оние на кои сме од него навикнати, но во сосема друга, радикално послободна форма, вон стегите на оние бендовски или самонаметнати правила на музичката индустрија/сцена...

Millko

Millko се шампионите на скопскиот емоционален инди рок и оваа година го имаат хит албумот ЛУЃЕ, кој до 1 октомври го имаат спуштено 851 ЛУЃЕ од нашиот веб сајт, што е убедлив рекорд на даунлоад топ листата на ПМГ рекордингс. Песната "Оди без зборови" е кросовер хит на скопските радија, а нивните настапи во живо оваа година никого не оставија рамнодушен...

Robotek

Robotek е жива легенда на македонската електронска сцена. Еден од најомилените ликови на македонската публика и оригиналниот ПМГ Рекордингс артист. Возбудата околу неговиот нов албум полека прераснува во вистинска треска, а настапот на нашиот фестивал веројатно ќе открие дел од соничната мистерија со која се обвиткани неговите најнови аудио истражувања...

Мирко Попов

Мирко Попов е основач на ПМГ Колективот во 1995 и на ПМГ Рекордингс во 1998 година. Оваа година ќе има чест и задоволство да го затвори фестивалот до диџеј сет, негова пасија/професија повеќе од 20 години. Енергичен и сиров, малку груб по рабовите, па сепак софистициран во музичкиот избор, со тенденција да ја одржи свежината и погледот напред кон нештата кои доаѓаат...