Philipp Gorbachev

Philipp Gorbachev оригинално доаѓа од Москва, но како и огромен број успешни млади музичари во моментов живее и работи во Берлин. Преку неколку изданија на катинг еџ лејблот Comeme, го запознавме како еден од највозбудливите и највангардни електро-панк кросовер артисти. Карактеристичен е потоа што е единствен "странец" во ултрамодерната и атипична јужноамериканска поза на Comeme-која ги постави темелите на латино звукот на 21виот век. Доаѓајќи од Русија и очигледно музички образован на западниот звук од последните децении, успева да изведе ѕид од звук, кој во исто време го содржи маничниот динамизам на Comeme и интелектуалната субстанца на пост панкот. Неговите настапи во живо се експлозивни и ја обединуваат сировата енергија на техното и панкот, но и мелодиската интелигенција на завидно ниво. Еден од најмодерните артисти на музичката сцена во моментов, според нашите согледувања.