PMG Kolektiv

PMG Kolektiv е еден од носечките бендови на ПМГ Рекордингс и по 5 албума, исто толку турнеи и разни експерименти со звукот, стои исправен под чудесна светлина на искуство и нова свежина. На овој фестивал, бендот ќе го презентира новиот звук од последната електронска инкарнација, внимателно чувана и подготвувана во тајните ПИЕМЏИ лаборатории: ритуални танци, груби по рабовите, кои експлодираат со светлина одвнатре. Некој забележа дека PMG Kolektiv  се менуваат пребргу за да бидат сакани, сепак промената е еинствената константа, се друго е губење време.