Bei The Fish

Bei The Fish е еден од најомилените бендови на скопската публика. Нивните концерти секогаш преполни со насмеани луѓе и позитивни ликови, кои ја примаат убавата енергија која буквално се излева од бендот преку стејџот. Беспрекорниот талент и речиси совршената изведба, дали преку четирите албуми, или концертните настапи, ги доведува до ситуација да бидат сериозни репрезенти на времето во кое живееме. Нивните ЦД изданија речиси секогаш со распродаден тираж, а желбата за нова звучна авантура - императив. Bei The Fish се одве за да бидат САКАНИ.