Lepi Xhoni

Lepi Xhoni е само уште едно име за еден од најталентираните музичари на новото време во Македонија, Љупа Ангелов. Неговиот бенд The John завзема водечко место во актуелната македонската рокенрол номенклатура, но и специјален простор во срцата на урбаната екипа. Lepi Xhoni е соло проект на Љупа, своевиден простор за истражување на слични музички идеи како оние на кои сме од него навикнати, но во сосема друга, радикално послободна форма, вон стегите на оние бендовски или самонаметнати правила на музичката индустрија/сцена. Уникатно, полно со дух и музикално до бол. Lepi Xhoni ќе го промовира својот албум "Песни" за прв пат во живо на ПМГ Рекордингс Фестивалот 4.