Millko

Millko се шампионите на скопскиот емоционален инди рок и оваа година го имаат хит албумот ЛУЃЕ, кој до 1 октомври го имаат спуштено 851 ЛУЃЕ од нашиот веб сајт, што е убедлив рекорд на даунлоад топ листата на ПМГ рекордингс. Песната "Оди без зборови" е кросовер хит на скопските радија, а нивните настапи во живо оваа година никого не оставија рамнодушен. Полека но сигурно, тие прераснуваат во препознатлива сила на нашата сцена. Милко ќе го отворат овогодишното издание на ПМГ Рекордингс Фестивалот.