Robotek

Robotek е жива легенда на македонската електронска сцена. Еден од најомилените ликови на македонската публика и оригиналниот ПМГ Рекордингс артист. Возбудата околу неговиот нов албум полека прераснува во вистинска треска, а настапот на нашиот фестивал веројатно ќе открие дел од соничната мистерија со која се обвиткани неговите најнови аудио истражувања.