PMG Kolektiv / Штом Те Видам EP / PMG#67

10.12.2011

ШТОМ ТЕ ВИДАМ е прекрасна меморија, која го враќа минатото кое навистина нема име. Но, денес минатото не е, туку ние. А ние сме и утре. И тоа е добро. Тоа ни прави добро. Нека песнава Ви прави добро,како што фантазмагоричниот оригинал на МАЕСТРО Александар Џамбазов ни направи нам.

Оваа Ноќ (The99% Mix) и Hey Johnny (Kanton6 Mix) се нови видувања на 2 композиции од нашиот последен албум А ВЕКОТ ТАКА ДОБРО ЗАПОЧНА. Генерално за диџеи со карактер и остра ивица. Може и дома...ако имате братучед што се вика Хелмут.

"Words are trains, for moving past what really has no name"
Paddy McAloon
Уживајте фини луѓе :)