20 GODINI103 / KONCERT: А Векот Така Добро Започна: PMG Kolektiv+The John++

12.12.2011

Зошто светот е коцкаст? Зошто Скопје е центарот на цветот? Зошто ние овде сме подобри од другите? Зошто очите на носорогот му се помаранџасти? Навистина....

ПМГ Рекордингс ја завршува годината на висока нота, со ГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ - А ВЕКОТ ТАКА ДОБРО ЗАПОЧНА.
ПМГ Колектив ќе свират целовечерен концерт за промоција на овогодишниот албум.
Д Џон ќе свират концерт за промоција на новото ЦД.
Распеани Скопјани ќе пејат пар интересни нумери.
Марија Каева ќе е специјален гостин.
Николина Кујача ќе проектира специјално видео.

Ова е и финален настан од серијалот 20 ГОДИНИ СЛОБОДНИ, прослава на 2 ДЕКАДИ постоење на есенцијалниот скопски/македонски медиум за ЛУЃЕТО КАКО НАС, Канал 103.