Промотивен концерт - ПМГ Колектив / Да4 LP

13.04.2010

ПМГ Колектив буквално го вгради својот опус во приказната на овој град во последниве дваесетина години, Дури и музиката на бендот е пречесто со скопска тематика, но и се обраќа ин/директно на луѓето од овој град. Затоа и секогаш е чудна возбудата со која бендот приоѓа кон концертите кои ги свири пред скопската публика.... Овој пат се работи за промотивниот концерт по повод третиот албум на бендот ДА4, кој веќе беше промовиран со Европска турнеја и во неколку македонски градови. Бендот го затекнуваме во одлична концертна форма, волшебна аудио-транзиција и одлично расположение и покрај темните тонови на новиот албум и темниот момент на скопската реалност.

За оваа прилика загревање ќе биде младиот (средношколски) состав

(21:00) ФОНИЈА

ПМГ КОЛЕКТИВ

Вашето присуство ќе биде високо ценето во нашите кругови

Поздрав