PMG Recordings Activities

02.06.2010

Mал летен ПМГ Рекордингс ФЕСТИВАЛ КОМБО под отворено небо во КАПАН АН, во старата турска чаршија, на 18 јуни со почеток во 23:00 часот. Концерти на 2 од најуспешните/најзафатени/најпродавани бендови од нашиот лејбл. PMG Kolektiv и Conquering Lion се шашава и слатка комбинација од разни музички фазони за квалитетен night out под отворено небо...

11.05.2010

PMG Recordings Ви го најавува новиот втор по ред албум "Петар Пан синдром" на скопскиот средношколски панк состав Фонија, заедно со концертната промоција која ќе се случи во сабота, на 15 мај 2010 во клубот Кастро со почеток во 21:00 часот. Бендот ќе се претстави со дел од новиот, но и голем дел од стариот материјал...

03.05.2010

PMG Recordings Ве кани на ТЕХНО ЖУРКА :))) на која официјално ќе ја промовираме нашата web страница на која редовно можете да се информирате за артистите и најновите случувања околу PMG Recordings... За оваа прилика се одлучивме за класична ТЕХНО ЖУРКА со настап: Мирко Попов dj set Душко Јаневски live !!! Нино Наумов dj set ТЕХНО ЖУРКА како во старите добри времиња :)))) и тоа во простор кој во последно време е сосема пригоден за едно ЧУВСТВО ОД ТОЈ ТИП...

13.04.2010

ПМГ Колектив буквално го вгради својот опус во приказната на овој град во последниве дваесетина години, Дури и музиката на бендот е пречесто со скопска тематика, но и се обраќа ин/директно на луѓето од овој град. Затоа и секогаш е чудна возбудата со која бендот приоѓа кон концертите кои ги свири пред скопската публика...

08.04.2010

Bernays Propaganda е нашиот најуспешен инди бенд во последниве години, нивниот цврст став, неоспорен талент и беспрекорна работна етика ги доведоа во таа позиција на водечки бенд на македонската независна сцена. Нивниот прв албум "Happines Machines" (pmgcd27) стана инстант класика на нашата нова музика, а тиражот на ЦДто е распродаден (освен послените неколку копии кои сеуште се на рафтот во Југотон/Литиум продавницата и потоа ќе го снема !!!), што е и сосем логично за албумот на годината 2009та според култното радио Канал 103...

27.02.2010

Грозничавиот микс на креативна инспирација, притисокот од полумрачното секојдневие и манијачката ефикасност, релативно брзо доведоа до уште еден албум на СКОПСКИОТ бенд ПМГ Колектив. Со оглед на фактот што минатиот албум ("Пријателски Оган", ПМГ Рекордингс, јануари 2009) беше објавен пред една година, произлегува дека бендот воопшто и не застанал со работа ни за момент...

20.02.2010

Живееме во време кога еден од најспоменуваните зборови е ИДЕНТИТЕТ. Многу дискусии, главно неписмени и тенденциозни околу ова, а се чини главен поттикнувач и потпикнувач на мрак во целата приказна е власта - дали од позициски или опозициски фазон - сеедно. Ниту го бранат и развиваат оној идентитет кој го имаме, ниту го поттикнуваат развојот на идентитетот кој треба да го добиеме...

11.02.2010

41вото издание на ПМГ Рекордингс резервирано за Fighting Windmills и нивниот сингл ?! Промоцијата ќе се одржи во Инди Паб на 20-02-2010 година. Издавањето на синглот е предигра за нивниот албум #2 кој треба да се појави во втората половина од оваа година...

26.01.2010

ПМГ Рекордингс Фестивал 2, во клуб Хавана на 26-02-2010 година. По успешниот ПМГ Рекордингс Фестивал од минатата година одржан во клубот Колосеум, Ве информираме дека бендовите потпишани за ПМГ Рекордингс со својата музика овојпат ќе се претстават пред скопската публика во клубот Хавана...

15.01.2010

Bernays Propaganda - Happiness Machine албум на годината и ПМГ Колектив - Контрол сингл на годината според култното радио Канал 103. Заокружување на успешната година за Bernays Propaganda со уште една потврда за квалитетот на нивниот деби албум. Синглот КОНТРОЛ е успешна најава за третиот по ред студиски албум на ПМГ Колектив...